• петок, 22 ноември 2024

Спасовски до кумановци: Останете присебни, нема простор за паника заради полицискиот час

Спасовски до кумановци: Останете присебни, нема простор за паника заради полицискиот час

Скопје, 3 април 2020 (МИА) - Премиерот Оливер Спасовски вечерва на неговиот фејсбук-профил упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час. - Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик и да се излегува и купува во маркети, два-три дена може да поминеме во изолација, напиша Спасовски. Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на мислења на стручни лица од Комисијата за заразни болести. - Ова е тешка, рестриктивна одлука, но неминовна да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните и да го пресечеме патот на ширењето на вирусот, напиша на ФБ премиерот Спасовски.см/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан