• среда, 06 ноември 2024

Спасовски: Годинава досега за околу 11 проценти намален криминалитетот, за четири проценти зголемена ефикасноста

Спасовски: Годинава досега за околу 11 проценти намален криминалитетот, за четири проценти зголемена ефикасноста

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Справувањето со криминалот кај нас, е основата на работењето на Министерството за внатрешни работи во однос на секој предизвик од безбедносната сфера, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.

Во тој дел, нагласи Спасовски, имаме поставено стратешки приоритети по кои работиме и сакаме да ги реализираме. Осврнувајќи се низ годините наназад и посочувајќи дека статистиката е мерило за тоа што се работело, министерот истакна дека во најголем процент од тоа што го поставиле како стратешка цел е реализирано, поради тоа што, подвлече, од година во година имаме сериозно намалување на криминалитетот и зголемување на ефикасноста на полицијата.

- Тоа е клучното мерило во успехот. За овие 8 месеци од 2023 година скоро 11 проценти е намален криминалитетот од минатата година, за истиот период, и има зголемување за четири на ефикасноста. Така што, минатата година беа најдобрите резултати од 1990 година до денеска, а тенденцијата во оваа година покажува дека ќе бидат уште подобри. Тоа е мотивацијата која што ја имаме. Секако дека секоја добронамерна критика, укажување итн., посебно од нашите стратешки партнери заради тоа што ние со нив работиме, ги градиме капацитетите - дали се тоа капацитети човечки или во однос на материјално-техничките ресурси - за нас се добредојдени. Тоа се приоритети кои што практично се заеднички со стратешките партнери, така што во секој поглед се работи и мислам дека многу повеќе треба да работиме не само на активно преземање мерки за сузбивање на одреден тип на криминал, отстранување на одреден безбедносен предизвик, туку и на јакнењето на јавната свест, на менувањето на перцепцијата, тоа клучната работа за нас, истакна министерот Спасовски.  цр/ац/

Фото:МВР
 

 

 

Остани поврзан