• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Во сабота гласајте за број 1, за модерно и европско Тетово

Спасовски: Во сабота гласајте за број 1, за модерно и европско Тетово
Тетово, 17 август 2022 (МИА) - Членот на Централниот одбор на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните во Тетово даде поддршка за кандидатите за советници предводени од носителот Глигорије Стојановски. Тој им порача на граѓаните дека советничката листа на СДСМ и коалицијата е најдобрата понуда за идниот совет на општина Тетово. -СДСМ се грижи за сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, затоа општина Тетово денес сега е пример за соживот, место каде живее концептот едно општество за сите, каде граѓаните се сплотени и единствени во визијата за нови успеси за ваше и наше модерно, европско Тетово, за Тетово, какво што сакаме да му го оставиме на идните генерации, нагласи Спасовски. Тој порача дека листата е составена од чесни и одговорни луѓе, кои Тетово го носат во срцето и знаат како да го направат модерно и европско. -Граѓаните во сабота на 20-ти август да гласаат за бројот 1, за кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, бидејќи тие се гаранција за развојот, но и луѓе кои ќе бидат коректив на работата на градоначалникот. Во сабота вие одлучувате! Со заокружување на бројот 1, вие го бирате најдоброто. Вие бирате модерно, европско Тетово, порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски. ас/мч/

Остани поврзан