• четврток, 14 ноември 2024

Спасовски во Бутел: Велимир Смилевски е најдобриот избор, капиталните проекти го потврдуваат тоа 

Спасовски во Бутел: Велимир Смилевски е најдобриот избор, капиталните проекти го потврдуваат тоа 
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Велимир Смилевски за четири години докажа дека е најдобриот избор што Бутел го има направено. Градоначалник кој е вистински пример за соработка на локалната, градската и централната власт, планирање и реализација на проекти. Булеварот „Босна и Херцеговина“ е прекрасен пример за ова. Ова го порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, денеска на средба со граѓани во Бутел. -Капитален проект на развиена патна инфраструктура кој отвора нови можности за инвестиции на многу компании во општината. Индустриската зона „Визбегово“ се реализираше фекална канализација, изградба на нова водоводна мрежа, многу бргу ќе се гради нов училишен објект во Визбегово, за кого е отпочната тендерската постапка. Фискултурна сала во ООУ Лиман Каба во Љуботен, нова детска градинка Св.Климент Охридски, ново кошаркарско игралиште во училиштето „Петар Здравковски - Пенко“. Реконструкција на многу локални патишта низ населбата. Бутел ќе ја добие најголемата социјална зграда со 312 станови за своите жители. Со Велимир, Бутел стана општина која подава рака на сите, на граѓаните, на работниците, на младите, на сите, истакна Спасовски. Поддршката за Велимир Смилевски како кандидат за градоначалник и Оливера Ливриниќ како носител на листата за советници, нагласи Спасовски, е поддршка на граѓаните за себе, за, како што рече, избор на проектите наспроти избор за поделбите, избор за транспарентна работа наспроти враќање кон режимските кадри и политики. аа/нд/

Остани поврзан