• недела, 19 мај 2024

Спасени 92 мигранти во близина на Пелопонез

Спасени 92 мигранти во близина на Пелопонез
Атина, 20 ноември 2022 (МИА) – Вкупно 92 мигранти, меѓу кои и деца, беа спасени западно од Пелопонез откако пријавиле проблеми со едрилицата со која се превезувале, јави дописничката на МИА од Атина. Спасувачката акција започнала вчера по побараната помош упатена до грчката крајбрежна служба,  а утрово, сите 92 лица, безбедно биле пренесени на пристаништето во градот Каламата. Од грчката крајбрежна служба соопштија дека во акцијата помогнале три брода што пловеле во близина, а спасените биле преземени од брод под италијанско знаме и пренесени на пристаништето. ср/јт/ Фото: Грчка крајбрежна служба

Остани поврзан