• петок, 05 декември 2025

Спалети: На натпреварот со Спортинг покажавме дека имаме карактер

Спалети: На натпреварот со Спортинг покажавме дека имаме карактер

Торино, 5 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е задоволен од играта на неговиот тим на натпреварот со Спортинг.

Јувентус вчеравечер ремизира 1:1 со португалскиот тим во меч од четвртото коло од Лигата на шампионите.

-Задоволен сум од играта на тимот. Покажавме дека имаме карактер, а момците покажаа желба да го добијат натпреварот. Ако продолжиме да играме вака, ќе победиме на многу натпревари. Играњето против Спортинг не е лесно. Тие имаат брзи и вешти играчи и имаат многу добар тренер кој совршено го поставува својот тим, изјави Спалети за клупскиот сајт.

Јувентус има три бода и е на 23-то место на табелата, додека тимот од Лисабон е на 10-то место со седум бода.

Следниот натпревар на Јувентус во Лигата на шампионите ќе биде против Боде-Глимт на 25 ноември, додека Спортинг ќе игра против Клуб Бриж на 26 ноември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан