• четврток, 26 март 2026

СПАК го соопшти обвинението против Мета, тој бара од судот укинување на затворскиот притвор

СПАК го соопшти обвинението против Мета, тој бара од судот укинување на затворскиот притвор

Тирана, 6 август 2025 (МИА) - Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), по завршување на истрагата, го соопшти обвинението против поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.

Неговите адвокати веднаш побараа затворскиот притвор да му се смени со поблага мерка.

„Мета е обвинет од СПАК за „перење пари од кривични дела или криминални активности“, „пасивна корупција на високи државни функционери или локални избрани функционери“ „ непријавување, прикривање и лажно пријавување на имот, приватни интереси на избрани лица и јавни службеници“, објави Ора њуз.

Неговите адвокати веднаш денеска поднесоа до Првостепениот суд против корупција и организиран криминал (GJKKO) барање за замена на затворскиот притвор со поблага мерка. Во барањето поднесено од адвокатите, се тврди дека „СПАК, веќе ги завршило истрагите против Илир Мета, и следствено, продолжувањето на мерката притвор повеќе нема процедурална основа“.

Ова не е првпат Мета да бара поблаги мерки, но сите судски инстанции, вклучително и Врховниот суд, ги отфрлија барањата, по што неговата реакција на социјалните мрежи беше „Никакво разочарување од теленовелата - режимска правда“.

Мета (56) е во затвор од октомври минатата година а обвинувањата ги нарече политички и оти за нив нема кривични факти.

Тој беше претседател на Албанија од 2017 до 2022 година, функција на која дојде од претседател на Парламентот. Претходно беше и министер за економија и надворешни работи. вт/

Фото: ФБ на Мета

 

Остани поврзан