Со 1,5 милиони евра обнова на водоводната и канализациската мрежа во населбата Дижонска во Чаир
- Со грант од Владата во износ од 1,5 милиони евра ќе се реконструира водоводниот и канализациски систем во населбата Дижонска во Општина Чаир. На почетокот на градежните работи денеска присуствуваа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу кои најавија дека проектот ќе биде завршен за шест месеци.
Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - Со грант од Владата во износ од 1,5 милиони евра ќе се реконструира водоводниот и канализациски систем во населбата Дижонска во Општина Чаир. На почетокот на градежните работи денеска присуствуваа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу кои најавија дека проектот ќе биде завршен за шест месеци.

Според градоначалникот Ганиу, се реализира еден од најголемите инфраструктурни проекти на Општина Чаир, како директен одговор на потребите и постојаните барања на жителите на населбата.
- Ова е проект со директно влијание на квалитетот на живот на над 1000 семејства, рече Ганиу.
Меџити оцени дека се реализира мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра, со кој ќе се изврши реконструкција на водоводната, канализациската и атмосферската мрежа на улиците „15“ и „17“ и оти со нов водовод и канализација ќе се поврзат 16 улици во населбата Дижонска.
Само со овој повик минатата година, Чаир доби близу 3 милиони евра од Владата, додека над 8 милиони евра во проекти беа добиени на почетокот на оваа година, што значи дека за 10 месеци владеење, доделивме над 11 милиони евра грантови за Општина Чаир, од 0 денари доделени од претходната Влада во 2022, 2023 и првата половина од 2024 година, сè до падот на корумпираната Влада со функционери на американската црна листа, изјави Меџити.
Овој проект е дел од владината потпрограма за инфраструктурни проекти во општините за 2024 година, со 100 проценти грант средства. лв/дма/
фото: Влада