Со 15 илјади евра обезедни преку Македонско-бугарската стопанска комора ќе се финансира проект во ОУ „Никола Карев“ во Кочани
- Проектот ќе се реализира во наредните седум месеци и со него ќе бидат опфатени и ученци од училишта надвор од Општина Кочани.
Кочани, 23 септември 2025 (МИА) - На прес конференција во ОУ „Никола Карев“ од Кочани денеска беше промовиран проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, чија вредност изнесува 15 илјади евра, обезбедени од Бугарската амбасада. Проектот се имплементира преку Македонско – бугарската стопанска комора, а носител е кочанското основно училиште „Нокола Карев“.
Проектот ќе се реализира во наредните седум месеци и со него ќе бидат опфатени и ученци од училишта надвор од Општина Кочани.
Основна цел е обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование и збогатување на училишната спортска опрема во „Никола Карев“, соопшти на прес конференцијата, Ирена Мирчовска, координатор на проектот.
- Целна група ќе бидат ученици од прво до деветто одделение во основните училишта во Кочани и регионот. Во проектните активности акцент ќе им се даде на децата со попреченост, како и на девојчињата во контекст на промовирање на еднаквите можности и пристап до било кој спорт. Во дел од активностите, освен учениците, ќе бидат вклучени и нивните родители, со цел да се покажат вистинските вредност на образованието и врската помеѓу децата и нивните родители, нагласи Мирчовска.
Проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ првично требаше да започне со реализација на 1 март годинава, но трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од разбирливи причини ги одложи сите предвидени активности.ис/
Фото: МИА