• сабота, 23 ноември 2024

Со т.н. ноќен радар 41 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

Со т.н. ноќен радар 41 казна за брзо возење на територија на СВР Битола
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Синоќа во периодот од 20.00 до 24.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 41 возач. Од МВР информираа дека на сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР. цр/сп/

Остани поврзан