• сабота, 23 ноември 2024

Со т.н. ноќен радар 252 казни за брзо возење на територија на цела држава

Со т.н. ноќен радар 252 казни за брзо возење на територија на цела држава
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се казнети 252 возачи. Од МБР денеска информираа дека од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 48 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/

Остани поврзан