• сабота, 23 ноември 2024

Со т.н. ноќен радар 126 казни за брзо возење на територија на цела држава

Со т.н. ноќен радар 126 казни за брзо возење на територија на цела држава
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 21:00 до 24:00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, полицијата спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 126 возачи. Од нив, информираа денеска од МВР, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 72 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место. цр/аа/  

Остани поврзан