• петок, 22 ноември 2024

Со традиционални протести одбележан Денот на трудот во Атина

Со традиционални протести одбележан Денот на трудот во Атина
Атина, 1 мај 2022 (МИА) – Грчките синдикати, традиционално и масовно со протести во центарот на Атина го одбележаа Денот на трудот, првпат по две години без никакви рестрикции поради пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор протестираа под слоганот „Демократија, мир, правда и еднаквост“, додека пак Синдикатот на Комунистичката партија на Грција одржа посебен собир. На денешните протести, меѓу другото, демонстрантите побараа зголемување на платите, подобрување на условите за работа и работничките права, а собири имаше и во останатите големи градови во Грција. ср/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан