Со такси лани превезени 14 341 000 патници
- Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои 12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои
12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.
Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.
ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин, 2 752 тони дизел и на 2 239 тони автогас. лв/са/
фото: МИА архива