• недела, 22 декември 2024

„Со стихови и цвет, мир во целиот свет“ во Крива Паланка

„Со стихови и цвет, мир во целиот свет“ во Крива Паланка

Крива Паланка, 5 јуни 2024 (МИА) - Со универзални пораки за мир и авторски цветни подароци, големиот хуманист и миротворец, Живко Поповски-Цветин денеска во Крива Паланка го одржа мултимедијалниот настан „Со стихови и цвет, мир во целиот свет“.

Настанот во организација на Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа на градскиот плоштад во Крива Паланка, каде во симбиоза со авторот и неговото уметничко творештво продефилираа петнаесетина млади литерати од градот и десетина идни сликари, кои под менторство на професорите Лазо Ѓоргиевски, Јасна Ѓоргиевска и Габриела Стојановска од Основното општинско училиште „Св. Јоаким Крчовски“ твореа и се претставија пред публиката.

-Од Крива Паланка упатувам порака за мир и љубов до сите деца од светот, преку децата од Крива Паланка, како единствена општина во светот со „Цветинова награда за мир посветена на децата“ со една порака за мир, солидарност, храна и љубов за сите деца од светот. Порачувам сите да бидат похумани, зашто бедните се секаде околу нас, осамените и несаканите, како што говореше светицата Мајка Тереза. Затоа порачувам да ги шириме меѓусебното разбирање и соработка,за мир и поубав свет за сите, рече Цветин.

Тој додели „Цветинова награда за мир за сите деца од Крива Паланка“ и „Порака за мир за Градот на културата“, збогатувајќи ја манифестацијата„Крива Паланка -Град на културата“ со својата хумана мисија, за која два пати беше номиниран за Нобелова награда за мир.

Настанот го збогати музичарот Ванчо Арсов од Кочани, а дел од младите уметници читаа творби посветени на Цветин, му подарија и уметнички дела посветени на неговата работа, а академскиот сликар Нела Јанковска му подари слика - цвет.ид/вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан