• сабота, 12 октомври 2024

Со положување на свежо цвеќе на спомен-костурницата во Берово беше одбележан Денот на независноста

Со положување на свежо цвеќе на спомен-костурницата во Берово беше одбележан Денот на независноста

Берово, 8 септември 2024 (МИА) – По повод 8 Септември, денот на независноста на Македонија, делегација на Општина Берово, Здружението на пензионери, Организацијата од резервни офицери, како и партиски делегации, денеска положија свежо цвеќе на спомен-костурницата во Берово. 

Пред присутните делегации беше прочитан краток говор, со должна почит кон нашите херои и со посочување на историските моменти од 8 септември 1991 година. 

– Овој историски датум, кога граѓаните го кажаа судбоносното и референдумско „да“, за остварување на вековниот сон за независна Македонија, е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата, во духот на слободата и демократските вредности, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Тој им го честиташе денешниот празник на сите граѓани, посакувајќи им и понатаму успешна македонската приказна. вс/ра

Фото: МИА

 

Остани поврзан