Со настап на „Танец“ ќе почне 61. Балкански фестивал на народни песни и игри
- Традиционлано, со настап на ансамблот „Танец“ в четврток ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев”.
Охрид, 5 јули 2022 (МИА) - Традиционлано, со настап на ансамблот „Танец“ в четврток ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев”.
На сцената на Долни Сарај, до 11 овој месец љубителите на фолклорот ќе има можност да погледнат настапи на ансмбли и културни уметнички друштва од државата, но и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина.
Најстарата фолклорна манфестација на Балканот, се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија, а ќе ја отвори потпретседателот, Горан Мисовски.
Во рамките на програмата предвидено е оторање на изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Салвко Упевче. сс/дма/