• понеделник, 23 декември 2024

Со едукативен настан одбележан Светскиот ден на телекомуникациите

Со едукативен настан одбележан Светскиот ден на телекомуникациите
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Телекомуникацискиот оператор А1 Македонија го одбележува 17 Мај -  Светскиот ден на телекомуникациите, кој оваа година Меѓународната телекомуникациска заедница го одбележува под мотото „Дигитални технологии и здраво стареење на возрасните лица“. За таа цел А1 Македонија ги отвори вратите за возрасните лица и ги стави на располагање своите волонтери-експерти кои, како што се наведува во соопштението, на едноставен начин ги внесоа во дигиталниот свет, потенцирајќи ја важноста од дигиталната трансформација и користењето на дигиталните алатки кои овозможуваат нивна меѓусебна поврзаност и независност олеснувајќи го нивното секојдневие. -Како општествено-одговорна компанија но и како компанија двигател на дигитализацијата во земјава, наша одговорност е да ги едуцираме не само младите туку и повозрасните како безбедно да ја користат светската мрежа и како од неа да исползуваат придобивки во секојдневието, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија. Претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија Станка Трајкова посочи дека нивните членови добиле корисни совети кои ќе им помогнат во нивното интернет секојдневие, како да бидат информирани, како да комуницираат со своите најблиским, како безбедно да користат онлајн услуги, притоа внимавајќи на своите лични податоци.мд/лв/

Остани поврзан