• четврток, 09 мај 2024

Со Априлскиот коњички урнир денес ќе биде отворена сезоната 2023

Со Априлскиот коњички урнир денес ќе биде отворена сезоната 2023

Скопје, 29 април 2023 (МИА) – Во организација на Федерацијата за коњички спорт и клубот Анималс, денес со Априлскиот турнир ќе биде отворена новата натпреварувачка сезона во овој спорт.

 

Воедно, ќе биде одржано и 1. коло од Отвореното лига првенство.

 

На програмата се три натпревари во прескокнување пречки со висина од 0,7 – 1,3 метри. 

 

Натпреварите ќе се одржат на теренот на КК Анималс во скопско Идризово со почеток во 11 часот. зс/

Остани поврзан