• недела, 22 декември 2024

Сојузната судијка Тања Чуткан побара Трамп да го прилагоди распоредот на својата претедателска кампања со судењата

Сојузната судијка Тања Чуткан побара Трамп да го прилагоди распоредот на својата претедателска кампања со судењата

Вашингтон, 28 август 2023 (МИА) – Сојузната судијка од Вашингтон Тања Чуткан денеска изјави дека поранешниот претседател Доналд Трамп мора да ја прилагоди својата претседателска кампања во 2024 година со датумите на судењата.

Судијката Чуткан допрва треба да го одреди датумот за судење во случајот во кој Трамп е обвинет дека се обидел да ги промени резултатите од изборите во 2020 година, што е само еден од четирите актуелни случаи против него.

Специјалниот обвинител Џек Смит предложи судењето да почне на 2 јануари 2024 година, единаесет месеци пред изборите, но адвокатите на Трамп се спротивставија и од судијката Чуткан побараа да го одложи судењето до април 2026 година.

Таа, меѓутоа, кажа дека ниту еден од тие датуми не е прифатлив.

-Господин Трамп ќе мора да оди на судење без оглед на неговиот распоред, рече судијата, додавајќи дека неговите обврски не треба да влијаат на датумот на судењето.

Трамп смета дека сите четири случаи се политички обиди да се спречи неговото враќање на власт.

Тој се изјасни за невин во три случаи, а се очекува да го стори тоа и во четвртиот, кога на 6 септември ќе се појави пред судот во Џорџија.

Тој претходно изјави дека судијката Чуткан е пристрасна и има нешто против него. сд/

фото:Скриншот  Си-ен-ен

Остани поврзан