Сочувство од Хелсиншкиот комитет за трагичниот настан во Кочани, се бара утврдување на одговорноста
- Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани. Истовремено, информираат дека целосно се ставаат на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош. За таа цел, велат од Хелсиншкиот комитет, можат да се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073.

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани.
Истовремено, информираат дека целосно се ставаат на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош. За таа цел, велат од Хелсиншкиот комитет, можат да се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073.
-Во периодот што следува Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи истрагата и постапувањето на надлежните институции. Од тие причини очекуваме транспарентност и информирање за преземените дејствија и утврдената фактичка состојба, најавуваат оттаму.
Од Хелсиншкиот комитет очекуваат за утврдените незаконитости да следува соодветна одговорност за сторителите.
Апелираат политичките партии да се воздржат од меѓусебни обвинувања и да се стават во функција на јавниот интерес, бидејќи, како што велат, сега е време да се покаже одговорност и солидарност. сст/лв/
Фото МИА архива