• понеделник, 17 март 2025

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Северна Македонија. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан