• среда, 25 декември 2024

Софија сака Бугарите да влезат не само во Преамбулата на Уставот, туку и во нормативниот дел, смета Пендаровски

Софија сака Бугарите да влезат не само во Преамбулата на Уставот, туку и во нормативниот дел, смета Пендаровски

Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) - Софија не бара Бугарите да бидат наведени само во Преамбулата на Уставот, туку и во неговиот нормативен дел, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју џа ТВ24.

Пендаровски вели дека ниту една заедница во државата не е внесена во нормативниот дел на Уставот, па оттука не е можно да влезат ниту Бугарите.

- Во нормативниот дел на Уставот сега се споменуваат само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница, посочи Пендаровски.

Софија, вели претседателот, не зборува за „Бугари“, туку за „македонски Бугари“, нешто што е враќање кон „срамната теза“ за дебугаризација на Македонија.

За Пендаровски е неприфатливо во преговарачката рамка со ЕУ да влезат историски прашања и оспорување на јазикот.са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан