• среда, 25 март 2026

Софискиот универзитет заврши со изградбата на нов технолошки центар за чисти технологии и одржлива животна средина

Софискиот универзитет заврши со изградбата на нов технолошки центар за чисти технологии и одржлива животна средина

Софија, 25 април 2025 (МИА/БТА) - Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (СУ) заврши со изградбата на нов технолошки центар за чисти технологии и одржлива животна средина, соопштија од прес-центарот на универзитетот.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Проектот, кој е дел од иницијативата „Чисти технологии за одржлива животна средина – води, отпад, енергија за циркуларна економија“, е финансиран од Оперативната програма „Наука и образование за паметен раст“, кофинансирана од Европската Унија преку Европските структурни и инвестициски фондови.

Новата зграда е лоцирана во кампусот во населбата „Лозенец“ на Софискиот универзитет, во непосредна близина на Физичкиот факултет, Факултетот за математика и информатика и Факултетот за хемија и фармација, како и до два Центра за компетентност, изјавија од СУ.

Зградата е проектирана и изведена како еколошка лабораторија со специјални еко-елементи, вклучувајќи рамен покрив за поставување соларни панели, специјална изолациона конструкција за висока енергетска ефикасност, систем за одвојување на отпадните води и резервоар за собирање дождовна вода.

Во новиот технолошки центар ќе бидат изградени 13 лабораториски комплекси, опремени со модерни технологии за анализа на води и отпад, плазматски технологии и хибридни системи за прочистување на води и трансформација на отпад.

Од универзитетот објаснија дека овој центар ќе служи како платформа за развој на иновации и технологии во циркуларната и биоикономијата, со фокус на водите, енергијата и управувањето со отпад. Дополнително, тој ќе нуди современо практично обучение за студентите на Софијскиот универзитет, поддржувајќи го развојот на нова генерација на образовни производи со интердисциплинарен карактер.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан