• петок, 05 декември 2025

Состанок со министерот за здравство од наредниот петок, заинтересираните може да закажат термин уште денеска

Состанок со министерот за здравство од наредниот петок, заинтересираните може да закажат термин уште денеска

Скопје, 25 јуни 2025 (МИА) - Новата веб-страница на Министерството за здравство е во функција од вчера, а од наредниот петок, 4 јули, ќе почнат состаноците на министерот за здравство Азир Алиу со оние кои ќе закажат средба. Од денеска веќе може да се закажува средба преку веб-страницата на Министерството за здравство, информираше министерот за здравство Алиу на денешниот брифинг со новинарите.

Предвидено е од 10 до 15 часот, секој петок да биде отворен ден за граѓаните, кои ќе си закажат средба онлајн. Она што граѓанинот, кој сака да има средба со министерот, треба да го направи е да остави име и презиме, телефонски број и тема за разговор со министерот.

Алиу на новинарско прашање одговори дека нема ограничување за темите, за кои што заинтересираните граѓани ќе сакаат да разговаат со него.  

Страницата е достапна на англиски, македонски и албански, а како што беше посочено на денешниот брифинг ќе биде погодна и за лицата со посебни потреби.

-Работиме на тоа да им пружиме што е можно подобра здравствена заштита на сите лица во земјава. Секоја недела ќе одржуваме прес-конференција и ќе информираме за новите настани, а секоја среда ќе имаме брифинг со новинарите и ќе брифираме за тоа на што Министерството за здравство моментално се концентрира, подвлече министерот. бд/ац/

Фото: Принтскрин/МИА архива

Остани поврзан