Состанок со високи претставници на УНОПС – Зајакнување на партнерството за добро владеење и реформи кон Европската Унија
- Заменик-претседателот на Владата, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска оствари средба со Кирстине Дамkjaер, заменик-извршна директорка на УНОПС, и Тим Ларднер, регионален директор за Европа и Централна Азија, во рамките на нивната официјална посета на Северна Македонија, како и со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман, и раководителот на Одделот за развојна соработка при Амбасадата на Шведска – Микаел Атерхог.
Скопје, 9 јули 2025 (МИА) – Заменик-претседателот на Владата, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска оствари средба со Кирстине Дамкjaер, заменик-извршна директорка на УНОПС, и Тим Ларднер, регионален директор за Европа и Централна Азија, во рамките на нивната официјална посета на Северна Македонија, како и со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман, и раководителот на Одделот за развојна соработка при Амбасадата на Шведска – Микаел Атерхог.
-За време на состанокот се дискутираше за плодната соработка во рамки на проектот „Поддршка за Европската интеграција на Северна Македонија“, кој се спроведува од страна на УНОПС со поддршка на владите на Шведска и Швајцарија. Проектот претставува успешен модел на координација меѓу развојните партнери и домашните институции, ставајќи го граѓанинот во центарот на реформите, се наведува во соопштението од Кабинетот на ЗПВРСМ задолжен за политики на добро владеење.

Заменик-претседателот на Владата високо ја оценил континуираната поддршка од УНОПС, Шведска и Швајцарија, потенцирајќи дека доброто владеење, транспарентноста, владеењето на правото и борбата против корупцијата остануваат меѓу главните приоритети во процесот на европска интеграција.
-Посветени сме да ја продолжиме работата на изградба на силни, одговорни и отворени институции кон граѓаните. Преку блиска соработка со нашите меѓународни партнери, преземаме значајни чекори кон исполнување на европските стандарди и вредности, истакнал заменик-претседателот на Владата.
Учесниците на состанокот ја реафирмирале важноста на зајакнување на институционалниот интегритет и обезбедување на видливи резултати од реформите за граѓаните, и ја изразиле подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во иднина. дма/сст/
Фото: Кабинет на ЗПВРСМ задолжен за политики на добро владеење