• сабота, 24 мај 2025

Состанок на ММФ и Светската банка од утре до 26 април во Вашингтон

Состанок на ММФ и Светската банка од утре до 26 април во Вашингтон

Вашингтон, 20 април 2025 (МИА) - Пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка ќе започне утре во Вашингтон и ќе трае до 26 април.

Главните теми ќе бидат глобалните предизвици, како што се забавувањето на економскиот раст, должничките кризи, климатските промени и трговските тензии.

Пролетниот состанок во Вашингтон ги собира гувернерите на централните банки, министрите за финансии и развој, членови на парламенти, директори во приватниот сектор, претставници на граѓански организации и академици за да разговараат за прашања од глобално значење. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан