• четврток, 04 декември 2025

Состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште во близина на улиците „Белградска“ и „Патеније Зографски“ во Скопје

Состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште во близина на улиците „Белградска“ и „Патеније Зографски“ во Скопје

Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби. 

Состанокот, како што информираат од ЦУ, беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партеније Зографски“.

-Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето, соопшти ЦУК.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата за натамошно постапување.вј/са/

Фото: ЦУК

Остани поврзан