Сорлот со рекорд во Ла Лига
- Норвешкиот напаѓач Александар Сорлот постигна четири гола во првото полувреме за победата на Атлетико Мадрид над Реал Сосиедад од 4-0 во натпревар од 35-то коло на шпанското фудбалско првенство.

Мадрид, 11 мај 2025 (МИА) - Норвешкиот напаѓач Александар Сорлот постигна четири гола во првото полувреме за победата на Атлетико Мадрид над Реал Сосиедад од 4-0 во натпревар од 35-то коло на шпанското фудбалско првенство.
Првите три гола на напаѓачот го означија и најбрзиот „хет-трик“ во историјата на Ла Лига, бидејќи беше постигнат до 11-тата минута. Серлот го отвори резултатот во седмата, удвои во десеттата, а во 11-тата веќе имаше три гола зад своето име.
Неговиот четврти гол дојде половина час по почетокот на натпреварот, кој се покажа како гол што го обликуваше конечниот резултат. Победата и теоретски ги квалификува „јорганџиите“ за учество во Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи шестопласираниот Бетис не може да надомести заостанување од 13 бода во претстојните четири натпревари.
На три кола до крајот на сезоната, Атлетико е трет на табелата со 70 бода, пет зад второпласираниот Реал Мадрид и девет зад лидерот Барселона, а двата тима ќе играат уште едно „Ел Класико“ подоцна денес. дс
Фото: Принтскрин