• петок, 05 декември 2025

Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование

Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование

Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - Министерството за образование и наука и Бреинстер денеска ќе потпишат меморандум за соработка со фокус воведување на вештачката интелигенција во средното образование.

Како што најави МОН, меморандумот ќе го потпишат министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ - друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинтер Некст - приватна високообразовна установа самостојна висока стручна школа, Александар Клашниновски. хс/са/

Фото: МИА архива  

Остани поврзан