• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сопствениците на ПСЖ ја купуваат Малага за 100 милиони евра

Сопствениците на ПСЖ ја купуваат Малага за 100 милиони евра

 

Мадрид, 27 март 2025 (МИА) – Конзорциумот „Катар Спорт Инвестментс“, во чија сопственост е Пари Сен Жермен, покажува голем интерес за преземање на шпанскиот второлигаш Малага, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Шпанскиот клуб во моментов е во сопственост на групацијата за хотели и недвижнини BlueBay и катарскиот бизнисмен Абдула Ал Тани, но клубот го води стечаен управник поради финансиски проблеми.

Според шпанските медиуми, преговорите се во завршна фаза, а целата трансакција би изнесувала околу 100 милиони евра.

Катар Спорт Инвестментс поседува околу 87 отсто од акциите на ПСЖ и 21,7 отсто од португалскиот клуб Брага. Меѓу малцинските акционери се Monumental Sports & Entertainment (MSE), американска компанија која ги поседува Вашингтон Капиталс (НХЛ), Вашингтон Визардс (НБА) и Вашингтон Мистикс (ВНБА). ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан