• понеделник, 23 декември 2024

Сопругата на Дани Алвеш го поддржува својот сопруг по обвинувањата за сексуално вознемирување

Сопругата на Дани Алвеш го поддржува својот сопруг по обвинувањата за сексуално вознемирување

Барселона, 10 јануари 2023 (МИА) - Шпанската манекенка Џоана Санс, која е сопруга на бразилскиот дефанзивец Дани Алвеш, го поддржа својот сопруг по обвинувањата за сексуално вознемирување против него.

- Се вративме во Барселона на 30-ти и Дани реши да се сретне со некои пријатели за да го оттргне умот од Светското првенство. Танцуваше и уживаше во музиката. Нема ништо лошо. Многупати видов жени како му приоѓаат на мојот сопруг и се обидуваа да му понудат нешто пред моите очи. Ако го прават ова пред мене, се плашам да замислам што се случува кога не сум наоколу. Знам кој е мојот сопруг и знам како го запознав. Знам колку ги почитува сите, ја цитира Санс „Антена 3“.

Како што објави ABC, одредена жена го обвини 39-годишниот Бразилец дека играчот и ја ставил раката во долната облека. Жената веќе го поминала лекарскиот преглед.

Каталонскиот суд започна истрага против Алвеш по пријавата за сексуален напад

Алвеш во моментов е дефанзивец на мексиканскиот „Пумас“. На Светското првенство во Катар, фудбалерот учествуваше на два натпревари како дел од репрезентацијата на Бразил. зс/

Остани поврзан