• недела, 22 декември 2024

Соопштени добитниците на наградите „9 Ноември“

Соопштени добитниците на наградите „9 Ноември“
Велес, 6 ноември 2021(МИА) - Советот на Општина Велес одлучи 9-то Ноемвриска пофалница да им додели на Богданчо Драскачев и Благој Ѓорчевски – хуманитарци, волонтери во гаснење пожари, Никола Димов – кајакар, Тале Илиевски – атлетичар, маратонец, Марија Пановска – кајакарка, Марија Николов – кошаркарка, Камелија Дуковска- виолинистка и Томе Трајков – граѓански активнист. Како што информира Општина Велес, благодарница „9-ти Ноември“ добиваат волонтерите на Општинската Организација  на Црвен крст - Велес, Ненад Витанов – театарски режисер, фудбалерката Елма Шемсовиќ, пијанистот и хуманитарец  Петре Штерјов, Дарко Николов – одбојкар, Трајче Чатмов – ликовен уметник, Ангел Мицевски Скакар – тренер и претседател на Боречки клуб „Борец“, ЈЗУ Општа болница - Велес, Филип Иванов – хуманитарец, Филип Арилон – музичар, гајдаџија и Благородна Донева – етно креатор и уметник. По предлог на градоначалникот на Општина Велес, благодарници се доделуваат на сите компании кои помогнаа да се отвори масовниот вакцинален пункт, кој беше во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“. Спомен-плакета му се доделува постхумно на Игор Ангеловски – поранешен командир на Полициска станица - Велес, РОНТИС ДООЕЛ и МАРКАРТ Македонијa ДООЕЛ, како општестевно одговорни компании, со континуирана поддршка на неколку институции во градот. Наградата за животно дело ќе му се додели на актерот во пензија Александар Ѓорѓиев. Тој  својот работен век го помина како член - актер и директор  на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Сите награди и признанија, како и наградата за најстудент „проф д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ ќе бидат врачени традиционално на свечена седница, на 9-ти Ноември - Денот на градот. ад/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан