• петок, 22 ноември 2024

Соопштение од ВМРО-НП за промената на Законот за здруженија и фондации

Соопштение од ВМРО-НП за промената на Законот за здруженија и фондации
18 октомври 2022  Почитувани, ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата помеѓу власта и опозицијата во контекст на промената на Законот за здруженија и фондации со што ќе се забрани вметнување на имиња на докажани фашистички соработници во називите на здруженијата. ВМРО-Народна партија сака да ги потсети и двете страни дека фашизмот и комунизмот како две тоталитарни општества од страна на Европската унија кон која се стремиме да одиме ги има поставено на иста позиција. Сакаме да потсетиме на Резолуцијата 1481 на Советот на Европа од 2006 година и уште повеќе на резолуцијата на Европскиот парламент од 2009 година каде и со двата акти е јасно дека во очите на Европската унија двата системи се исти. Затоа сметаме дека секоја промена на овој Закон треба да биде во соглсност со духот на Европската унија. Исто така сакаме да укажеме и на вториот парадокс, имено, зошто и двете страни молчат за веќе изградените споменици на веќе докажани фашистички колаборационисти. Ќе имаме парадокална ситуација каде што нема да имаме здруженија со профашистики личности ама ќе може да се изгради споменик на истите тие. Така што сметаме дека во исто време треба да се уреди и рушењето на веќе изградените споменици. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан