• понеделник, 23 декември 2024

Соопштение на Алијанса за Албанците за случувањата во Собранието

Соопштение на Алијанса за Албанците за случувањата во Собранието
Скопје, 28 јуни 2022
Координаторот на срамот, криминалот и корупцијата денеска се обиде да манипулира со јавноста и да го одбрани тешкото прекршување што синоќа го направи над Уставот и демократијата. Тој рече дека власта ја спроведува реформската агенда, додека синоќа со насилство и вандализам во комисијата прошверцува закон со кој се продолжува мандатот на судиите и обвинителите кои треба да се пензионираат и кои целата јавност се сеќава како се именувани со пазарењата помеѓу Блерим Беџети, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, а подоцна и со Зоран Заев и Боки 13.
ДУИ го штити партизираното судство и обвинителство бидејќи само во ваква форма можат да се заштитат од 20 години криминал и корупција.
Спомна и странски агенди алудирајќи на руските, па затоа сакаме да го потсетиме дека руската агенда е парцелата за Дака Давидовиќ, антизападните амбасадори и тајните средби на Али Ахмети со рускиот и српскиот амбасадор што и самиот негов претседател ги потврди.
По насилството кое Талат Џафери го манифестираше врз вработените во Собранието, неговата диктатура врз албанските опозициски пратеници, синоќешниот чин во Комисијата за европски прашања, е само потврда дека ДУИ нема никаква врска со Европа, реформи или демократија. Овој клан е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам, кој мора итно да се отстрани од институциите и од власта.
Алијанса за Албанците
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан