Сообраќајот по наместа влажни коловози, намалена видливост на некои патни правци поради магла
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
![Сообраќајот по наместа влажни коловози, намалена видливост на некои патни правци поради магла](https://mia.mk/images/20250215181549_big_730x400_9.webp )
Скопје, 15 февруари 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
ЈП Македонијапат вечерва соопшти дека поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 120 метри има во Крушево, од 20 до 30 метри во Маврово, од 50 до 60 метри на планинскиот превој Стража и од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка (од село Лисец до Попова Шапка).
Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ. хс/цр
Фото: МИА архива