• вторник, 06 јануари 2026

Сообраќајот по влажни коловози, нема задржувања на граничните премини

Сообраќајот по влажни коловози, нема задржувања на граничните премини

Скопје, 4 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат дека во сила е законската обврска за носење зимска опрема во возилата која трае до 15 март. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан