• четврток, 26 март 2026

Сон Хеунг-мин рекордер во Кореја

Сон Хеунг-мин рекордер во Кореја

Сеул, 11 октомври 2025 (МИА) - Корејскиот фудбалер Сон Хеунг-мин постави рекорд по бројот на настапи за репрезентацијата.

Вчера, 33-годишникот играше во пријателски натпревар против Бразил (0:5) во Сеул. Ова беше неговиот 137-ми натпревар за репрезентацијата. Тој ги надмина Ча Беом-геун и Хонг Меунг-бо, кои двајцата одиграа 136 натпревари.

Во август, Сон Хеунг-мин се пресели од Тотенхем во Лос Анџелес во американската МЛС-лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан