Сон го напушта Тотенхем ова лето
- Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хјунг-Мин, потврди дека сака да го напушти лондонскиот клуб ова лето.
Лондон, 2 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хјунг-Мин, потврди дека сака да го напушти лондонскиот клуб ова лето.
- Побарав дозвола да го напуштам Тотенхем. Одлуката е донесена, направив сè што можев тука и сега ми треба нов предизвик. Ова е најтешката одлука во мојот живот. Дојдов во Северен Лондон како дете и си заминувам како млад човек. Ви благодарам на сите навивачи на Спарс кои ми дадоа толку многу љубов, изјави Сон за „football.london“.
Кореецот се приклучи на Тотенхем од Баер Леверкузен во 2015 година. Тој одигра 454 натпревари за англискиот клуб, постигнувајќи 173 гола и 101 асистенција.
Претходно беше објавено дека Лос Анџелес и клубови од Саудиска Арабија покажуваат интерес за Сон. зс/
Фото: ЕПА