• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево со мала до умерена облачност, по котлините со појава на магла

Сончево со мала до умерена облачност, по котлините со појава на магла
Скопје, 18 декември 2020 (МИА) - Во повисоките подрачја сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла или значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје значително облачно и магливо, во текот на денот облачноста делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени. Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност, по котлините со појава на магла.

Остани поврзан