• понеделник, 13 мај 2024

Сончево, претпладне со мала облачност

Сончево, претпладне со мала облачност
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје сончево, претпладне со мала облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 6 степени. Во среда и четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува во петок.

Остани поврзан