Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер
- Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерен, а претежно долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. UV=9

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерен, а претежно долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. UV=9
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Од УХМР информираа дека во наредните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h) најизразен во Повардарието што ќе услови благо намалување на утринската и дневната температура. цр/вг/
Фото: МИА архива