• четврток, 04 декември 2025

Сончево и топло до 37 степени

Сончево и топло до 37 степени

Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура. вј/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан