Сончево и студено
- Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и студено време. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и студено време. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Синоптичарите најавуваат период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нулата, а дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет. бак/
Фото: МИА архива