
Скопје, 6 мај 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 21 до 29 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 26 до степени.
Следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во деновите од викендот ќе предизвика намалување на температурата за неколку степени.