• недела, 05 мај 2024

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната од 23 до 30 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, во сабота наместа поројни и проследени со грмежи. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Остани поврзан