• петок, 22 ноември 2024

Солскјер реши за Кавани

Солскјер реши за Кавани
Париз, 19 октомври 2020 (МИА) - Очекуваното деби на Единсон Кавани со тимот на Манчестер Јунајтед нема да се случи точно против неговиот поранешен тим Пари Сен Жермен. Менаџерот Оле Гунар Солскјер објасни дека напаѓачот нема да биде дел од групата за натпреварот од Лигата на шампионите во вторник навечер, бидејќи тој се уште е назад во однос на подготовката. Исто така, аут од групата е и капитенот Хари Мегваер, кој заработи мала повреда против Њукасл за време на викендот. Поради здравствени проблеми, Ерик Баји, Џеси Лингард и Мејсон Гринвуд исто така не летнаа за Париз. - На Кавани му требаат уште неколку тренинзи пред да размислам да го приклучам во групата за следниот натпревар во Премиер лигата. Да се ​​надеваме дека на другите нема да им треба многу време, изјави Солскјер. Последното гостување на Јунајтед кај францускиот шампион беше пролетта 2019 година, кога тимот изненадувачки триумфираше со 3:1 и ги елиминираше домаќините. - Секако, тој дуел е историски за нас, но тој е во минатото. Одличен резултат, но тој нема никакво влијание на оваа средба сега. Ние сме различни како тим, тие исто така се различни, а конкуренцијата е во друга фаза, додаде тој. РБ (Лајпциг) и Истанбул Башакшехир се другите две екипи во групата.

Тагови

Остани поврзан