• понеделник, 23 декември 2024

Совет на амбасадори: Постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за документите прилог кон мирот и стабилизација на регионот

Совет на амбасадори: Постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за документите прилог кон мирот и стабилизација на регионот
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Совет на амбасадори денеска преку соопштение ја поздрави веста објавена од страна на Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, за постигнатиот договор за личните документи меѓу Србија и Косово. -Со ова на граѓаните на двете земји им се овозможува слободно движење преку границите со лични карти издадени во двете земји. Советот високо го цени големиот придонес што во постигнувањето на овој договор (потпишан во 2011 год) го дале специјалниот претставник на ЕУ за олеснување на преговорите меѓу двете земји Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, и се надева и очекува лидерите на двете земји да го продолжат и продлабочуваат диалогот и за уште посуштествени теми сè до постигнување на конечниот договор, се наведува во соопштението. Советот на амбасадори, како што се посочува, смета дека успешната имплементација на постигнатиот договор и на другите кои се веќе потпишани ќе го отвори патот на побрза европска интеграција на двете земји како и дека ќе придонесе за зацрстување на мирот и стабилизација на односите во регионот.вг/са/

Остани поврзан