Совет на амбасадори: Зафир Хаџиманов беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика
- Советот на амбасадори со голема тага ја прими веста за смртта на Зафир Хаџиманов кој беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика. Блескаше на естрадите со препознатливи

Скопје, 28 март 2021
Советот на амбасадори со голема тага ја прими веста за смртта на Зафир Хаџиманов кој беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика. Блескаше на естрадите со препознатливиот стил и талент, каде и да се појавеше, во Македонија, Србија, Хрватска, секаде низ регионот и пошироко.
Советот на амбасадори со гордост го познаваше и како културен амбасадор на нашата земја и го почитуваше како сјаен претставник на македонската култура, кој што ги промовираше нашите културни вредности особено и преку неговите квалитети како писател кој твореше и размислуваше на два јазика ,на мајчниот македонски и на неговиот извонреден српски јазик.
Советот го дел сеопштото мислење дека со неговото заминување од културната и естрадната сцена, останува празнина во ризницата на македонската култура, како и во нашите срца!
Извршен одбор на Советот на амбасдори
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки