• петок, 05 декември 2025

Советот на чувари на Иран го одобри законот за прекин на соработката со МААЕ

Советот на чувари на Иран го одобри законот за прекин на соработката со МААЕ

Техеран, 26 јуни 2025 (МИА) - Советот на чувари во Иран го ратификуваше законот со кој се суспендира соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објави денеска Иранскиот клуб на млади новинари, осврнувајќи се на оваа тело составено од свештеници и адвокати кое ја проверува усогласеноста на законот со Уставот и исламскиот закон.

Законот, претходно усвоен од иранскиот Парламент, потенцијално би можел дополнително да ги влоши односите на Иран со Западот и да влијае на меѓународниот надзор врз неговата нуклеарна програма, јавија британските медиуми.

МААЕ сè уште не издаде официјална реакција на одлуката.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан